Француската полиција уапсила 45 демонстранти за време на протест на „Жолтите елеци“ вчера во Тулуз, информираат француски медиуми.
Според соопштението на префектурата на департментот От-Гарон во југозападниот дел на Франција, меѓу уапсените се и 15 лица, кои ги прекршиле правилата за учество во јавна манифестација, со тоа што ги покриле лицата со маски.
Според последните податоци, во судирите што избија на протест во Тулуз, на кој присуствуваа околу 30.000 лица, 21 лице било повредено, вклучувајќи и еден полицаец.