Најмалку 5 лица загинаа, а 13 се сметаат за исчезнати по колапсот на две станбени згради во петокот во Рио де Жанеио.
Хеликоптер не може да слета на нестабилната земја, па мораше да лебди за да ги однесе повредените.
Локалните власти велат дека областа е управувана од милиција, а двете четирикатни згради немаале дозволи за градба.
Потрагата по преживеани ќе продолжи и во ноќта.