Вучиќ за опозицијата: Нападнале советници, денеска освен викање и дерење нема да постигнат ништо

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека не очекува ништо посебно од денешниот протест на опозицијата.

Тој вели дека неговите политички противници „не трпат” демократија, ниту друго мислење, а во прилог на тоа, тој се повика на настаните во општината Стари град.

Вучиќ информира дека членови на СНС во Собранието на Стариот град биле нападнати во текот на ноќта.

Сроскиот претседател изрази жалење што примениле сила, објаснувајќи дека хулигани нападнале советниците на СНС.

Тој потсети дека советниците, се луѓе кои народот ги избрал како свои претставници, а не луѓето од улица, како што е Бошко Обрадовиќ, кој не е советник во градското собрание, а се обидел да влезе во него.

Според него, нападот се случил околу пет часот утрово. Вучиќ, исто така, соопшти дека во Парачин, претставници на опозицијата не и дозволиле на брзата помош да му помогне на советник, на кој му се слошило, а станува збор за дијабетичар.

Вучиќ истакна дека поинакво мислење е богатство и дека тој нема проблем, што денеска на собирот ќе има неколку илјади луѓе, кои ќе го изнесат својот став.

-Како и во последните седум години и ова нема да биде најголемиот собир на моите политички противници. Ништо невообичаено. Се надевам дека ќе ја разбираат потребата за разговор во Парламентот. Ако не разбираат, тогаш ништо. Освен викање и бучава нема да постигнат ништо, подвлече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Горан Наумовски