Мицкоски во Прилеп: Да ја земеме државата од овие измамници, од овие криминалци кои што ја запустија домашната економија, кои што ја понижија државата

Од:

На 21 Април и на 5 Мај СДСМ ќе ги изгубат изборите, кажа Мицкоски вечерва пред граѓаните во Прилеп.

Тој исто така истакна дека од разговорите со граѓаните низ цела држава јасно е дека разочараноста е се поголема од катастрофалното владеење на СДСМ на чело со Зоран Заев.

– Поминавме илјадници километри , разговаравме со илјадници наши сограѓани разочараност, депресија. Луѓето денеска буквално се депримирани од сите оние лажни ветувања, од сите оние неисполнети очекувања , од страна на Зоран Зарев и СДСМ. И штотуку сакав да ја кажам онаа добра вест каде што денеска низ цела Македонија се зборува по улиците и плоштадите гледам таа овдека пред мене дошла во Прилеп дека ние на 21 Април и 5 Мај победуваме браќа и сестри .

А победата потоа ни носи предвремени парламентарни избори, народот да си ја врати државата таму каде што и е местото да ја земеме државата од овие измамници потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека граѓаните имаат историска шанса за да си ја вратат повторно државата од пепел. Исто така Мицкоски појасна дека катастрофалната и очајна состојба во која се наоѓа државата е резултат на лошите политики на владејачката гарнитура на Зоран Заев и СДСМ.

– Да ја земеме државата од овие измамници, од овие криминалци кои што ја запустија домашната економија, кои што ја понижија државата. Попусти ви се сите нарачани анкети, попусти ви се сите оние статуси на фејсбук вистинската анкета ќе ја слушнете на 21 Април. Имаме историска шанса на оваа генерација Македонци дојде аманетот да стане вистина а тоа е повторно да си ја креваме државата од пепел онаа пепел која што ќе ни ја остават овие од СДСМ на чело со Зоран Заев – кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ додаде дека СДСМ немаат ништо направено и дека воопшто не ги исполнија ветувањата кои ги дадоа пред граѓаните.

– Се сеќавате шетаа бојадисуваа, уништуваа, кршеа по плоштадите, ветуваа правда ветуваа живот ветуваа мир, а донесоа пекол: Пекол донесоа во Република Македонија, Прилеп го претворија во најнебезбеден град во Македонија. Хараат силеџии. Луѓе кои што го тероризираат градот. Тоа е вистината немаат ниту шајка убодено а и таа шајка што ја ставија ја украдоа. За такви луѓе станува збор, истакна Мицкоски.

Тој појасни народот на 21 Април ќе ја земе судбината во свои раце и ќе го победи катастрофалното владеење на СДСМ со пенкало и со глас за кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

– Овој народ на 21 ќе си ја земе судбината во свои раце со пенкало и позадни гласачка кутија и ќе ја избере Гордана за претседател на Република Македонија. Редот е народот да си ја земе државата назад од вас измамници и криминалци. Ќе ве поразиме така жестоко на предвремените парламентарни избори што нема да знаете што ве снашло – кажа Мицкоски.

Тој истакна дека ВМРО ДПМНЕ ќе понуди решенија и иновации кои што Македонија ќе ја однесат кон вистинската цел и дека во Европа не се оди со полна вреќа пари и со откажување од минатото, туку со исправена глава.

– Во Европа не се оди со наведната глава, во Европа не се оди ако се откажете од вашето минато кое што како сидро не ви дава чекор да мрднете во Европа се оди горди на нашето минато со исправена глава во Европа господа од врхушката не се оди со принципот Мирчо Свињарникот евро за вицето евро за црквата така во Европа не се оди.

Во Европа не се оди со изјави дека живи луѓе ќе јадете туку во Европа се оди тие кои што си ја сакаат татковината, ја пеат химната го веат знамето и се почитуваат меѓу себе. Ние заедно со народот после поразот на СДСМ на предвремените парламентарни избори така ќе одиме – објасни Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб

Горан Наумовски

Мицкоски: Условите што утре ќе ги договориме со банките не зависат само од мене