Мајката на Џулијан Асанж бара негово ослободување

Од:

Мајката на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, Кристин побара нејзиниот син да биде ослободен, осудувајќи го неговото апсење како „брутално и незаконско”.

Таа порача дека „ќе се бори со сите сили” да го ослободи својот син.

Џулијан Асанж вчера беше извлечен од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што помина седум години и му се заканува екстрадиција во САД.

Кристин Асанж на Твитер ја критикуваше британската премиерка Тереза Меј дека се обидува да го сврти вниманието од Брегзит со апсење на нејзиниот син Џулијан, како што вели, „храбар, мачен и многупати наградуван новинар“.

Претставниците на полицијата и судот ги замоли да бидат „внимателни, нежни и љубезни” кон нејзиниот син.

Кристин Асанж, со навредливи зборови му се обрати на претседателот на Еквадор, на кого му порача дека треба да се „срами”.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори