ПССЕ бара подобрување на условите за мигрантите на грчките острови

Од:

Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) изрази длабока загриженост во врска со хуманитарната состојба на барателите на азил во центрите на грчките острови и во континентална Грција, во контекстот на последната криза со мигрантите кои се обидоа да се упатат кон грчката северна граница, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Врз основа на извештајот на белгиската пратеничка Петра де Сатер, Паневропската асамблеја усвои Резолуција во која се оценува дека прифатните центри Морија на Лезбос и Вати на Самос, голем број луѓе се сместени во несоодветни услови со лоши санитарни јазли, недоволно храна и без соодветна здравствена заштита и безбедност.

Со резолуцијата, ПССЕ ги повика грчките власти да ги подобрат условите за сместување, хигиена и безбедност во прифатните центри на Лезбос, Самос и Хиос, како и да ги идентификуваат и да ги регистрираат сите мигранти кои пристигнуваат со брод на грчките острови за да се спречи тие да бидат нерегистрирани и поранливи.

Малолетниците без придружба и жените треба да бидат заштитени од насилство, сексуална експлоатација и трговија со луѓе, да се обезбеди подобро старателство за малолетниците без придружба и да им дозволат спојувања на семејствата или да одржуваат контакт меѓу нивните членови, се нагласува усвоениот текст.

Собранието, исто така, ги повика турските и грчките власти да ги интензивираат своите напори за да се обезбедат дека криумчарите на луѓе нема да можат да дејствуваат неказнето кога ќе пренесуваат мигранти од Турција во Грција.

Европската унија, пак, треба да и помогне на Атина при прифаќањето на азилантите и бегалците и да воспостави подобри постапки за азил на грчките острови со брзи трансфери кон континенталниот дел на земјата, се наведува во Резолуцијата, со која се бара ЕУ да ги испита наводите за проневера на средства од европски фондови за помош на бегалци во Грција.

На крајот ПССЕ му препорача на Комитетот на министри на Советот на Европа да ги повика Грција и Турција да продолжат со реадмисија на лицата чии барања за азил се одбиени и на илегалните мигранти, во согласност со договорот помеѓу двете земји за реадмисија и со декларацијата ЕУ – Турција.

Би можело да ве интересира

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска

ПССЕ: Руската Федерација повеќе не може да биде членка на Советот на Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе одржи вонредна пленарна седница на која ќе се расправа за нападот на Русија врз Украина

А1он

ПССЕ бара засилување на борбата против така наречените злосторства поради „чест“

Ана Ололовска