Тест возилото на новата генерација „Смарт ФорФоур“ деновиве е забележен на зимско тест возење.
Подолгата верзија на „ФорТу“ моделот во кое конечно ќе може да се сместат четири патници на улиците треба да се појави веќе следната година.
Стандардниот „ФорТу“ ќе остане монденски двосед наменет за жените возачи, додека новиот „ФорФоур“ ќе го продолжи меѓуосовинското растојание и ќе стане посериозно градско возило.
Автомобилот така ќе има и заден чифт врати, а ќе го задржи и заднинскиот погон на помалиот „брат“.
Се очекува во поставата на моторот да има трицилиндарски турбо бензинец во верзиите од 84 и 104 КС. Двата модела ќе ја делат платформата каква што ќе користи и новиот „Рено Твинго“.