Пежо-Цитроен најави еколошка револуција со хибриден автомобил на воздух

Од:

Групацијата Пежо-Цитроен во соработка со Бош започнуваат нова револуција во развојот на еколошки возила развивајќи зааеднички хибридни возила кои наместо со електромотор ќе работат на компресиран воздух.

Првите модели се очекуваат во 2016 година, а прототипот ќе биде претставен идниот месец на Саемот на автомобили во Женева.

Станува збор за нов „хибрид-ер“ систем на погон кој наместо комбинација на конвенционалните електро и бензински мотори, користи бензински мотор и помошен погон на компресиран воздух.

Главна идеја на новата технологија е енергијата наместо во батерии да се чува во форма на компресиран воздух во специјални цилиндри. Кога ќе биде потребно се отвора вентилот на цилиндерот кој ја придвижува турбината и енергијата на компресираниот воздух ја претвора во механичка, која се пренесува на задните тркала.

Како и кај сите хибриди, цилиндерот во текот на возењето се полни со компресиран воздух со специјален електричен компресор. Енергија се добива и при запирањето.

Постојат три режими на возење. Основен е на отворен пат кога се користи само бензинскиот агрегат. Следи градското возење, за кое се користи погон на компресиран воздух и комбиниран режим, кој се употребува кога возилото има потреба од дополнителна сила при забрзување или возење по нагорнини.

Оваа револуционерна технологија ќе се користи во идните модели на Цитроен и Пежо со мотори со моќност до 82 коњски сили, односно кај сегментот на мали градски возила, ниска средна класа и лесни комерцијални возила.

Потрошувачката во градски услови ќе биде намалена за 45 проценти во однос на  бензински мотор со иста моќност. Во пракса тоа значи потрошувачка од 2,9 лити гориво на 100 километри за модел со големина на Цитроен Ц3 или Пежо 208. Системот тежи само 100 килограми и е многу поевтин од електричните хибриди.

Почетната цена на овој хибрид се очекува да биде помала од 20.000 евра.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска