Судијата Рустеми во пресудата за тужбата: Ахмети и Џафери се врвни политичари и угледни луѓе

Од:

Судијата од скопска двојка, Нухи Рустеми, во образложението за повторената постапка кога ја уважил тужбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и на ексвицепремиерот Муса Џафери навел дека двајцата биле врвни политичари и угледни луѓе во општествениот живот.

„Тужителите се семејни луѓе, угледни личности во општествениот живот, познати во јавноста бидејќи се познати врвни политичари, па тужениот со напишаната содржина и текст во изјавата изнел невистнити тврдења кои ниту ги проверил, а бил должен тоа да го стори, ниту го докажал спротивното со што не би се потврдила неговата изјава од клеветнички карактер“.

Постапувајки по упатствата на Апелацискиот суд, Граѓанскиот суд во Скопје врз основа на преоценка на изведените докази утврдил дека тужениот Слободан Богоевски давајќи го својот исказ имал намера и цел да ја деградира личноста на тужителите, без оглед на својството на сведок во кое што ја давал изјвата.

„Во изјавата која е од клеветнички карактер, а која е детално опишана во фактичка состојба, навел клеветнички зборови за кои и не ги ни проверил дали се вистинити, а ниту пак во моментот кога ги изјавувал не биле поткрепени со докази“, пишува во образложението на пресудата.

Предметот вторпат го судеше судијата Нухи Рустеми. Апелациските судии лани утврдија дека првостепениот суд сторил серија повреди на постапката. Констатирале дека фактичката состојба со која е донесена пресудата е нецелосна и дека тужбата на Ахмети и Џафери е нејасна.

Јавноста е запозната дека наместо судијката Јованка Спировска-Панева, која според распределбата на системот АКМИС требаше да го суди предметот, судењето падна во рацете на Нухи Рустеми. Според тврдењето на Богоевски, судијката што требало да суди им дала насоки на тужителите да достават дополнителни докази бидејќи во спротивно ќе им ја отфрли тужбата, па потоа била сменета.

Американската Комисија за хартии од вредност го отвори за јавноста исказот на Слободан Богоевски даден во постапката што се водеше против тројцата поранешни менаџери на „Маѓар телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи, пред судот во Њујорк.

Во него, Богоевски, меѓу другото, тврди дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од „Маѓар телеком“ од по 2,5 милиона евра. Ахмети и Џафери тужеа поради ваквото тврдење и бараа отштета од 90 илјади евра, но се откажаа од надоместокот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Вкупна казна од 24 години за тројцата обвинети за предметот „Маџар Телеком“

Ана Ололовска

Продолжува судењето за „Маџар Телеком”

Ана Ололовска

Рочиштето за „Маџар телеком“ одложено за 29 јануари

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Титаник“, „Титаник 3“ и „Маџар телеком“

Ана Ололовска

Нови рочишта за Титаник, Т.Н.Т., Ласкарци и Маџар Телеком

Ана Ололовска

Судењето за „Маџар-Телеком“ одложено за 28 ноември

Ана Ололовска