(ВИДЕО) Калеска Ванчева: Иванов не смее ниту да помислува да додели амнестија на осудените за настаните од 27 април

Од:

„Јавноста веќе знае дека до Ѓорге Иванов се поднесени 27 барања за амнестија поврзани со настаните од 27 април. Но она што целата јавност треба да го знае и за коешто искрено се надеваме дека ќе го разбере и претседателот во заминување е дека во никој случај не треба да помисли на таков чекор.

Oва го говориме затоа што независно од неговата уставна можност она што членот 84 од Уставот му го дава, а тоа е да одлучува и за барања за помилувања во конкретниот случај зборуваме за барања за амнестија поднесени од осудени лица за настани којшто државата ја однесоа и можеа да ја доведат до работ на граѓанска војна.

Се прашуваме дали во овие последни мигови на неговата функција како претседател на државата треба повторно да се втурне во една таква авантура“, рече Снежана Калеска Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Дали треба да се држи строго на она што Уставот му го дава и она што го пропишува членот 11 од Законот за помилување или треба да се издигне конечно над она што значи политиканство, кое што го спроведува последните 10 години.

Навистина се надеваме дека конечно разумот ќе завладее и дека до крајот на неговиот мандат, а тоа е до 5 мај кога ќе биде избран новиот претседател, овој претседател ќе каже НЕ на понатамошна амнестија.

Граѓаните заслужуваат секој оној коишто направил криминал да одговара за криминалот особено кога зборуваме за криминал од такви размери.

На 5 мај граѓаните ќе го добијат новиот претседател, господинот Стево Пендаровски коишто знаеме дека цврсто ќе застане на браникот на владеењето на правото и ќе ја поведе оваа држава напред кон евроатланските интеграции, кон ЕУ и што е уште поважно конечно во оваа држава граѓаните ќе имаат надеж дека владее правото“, изјави Снежана Калеска Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он