Општествено одговорни компании хортикултурно ќе уредуваат делови од Општина Центар

Од:

На последната седница на Советот на Општина Центар беше усвоено барањето на компанијата „Рептил Маркети“ за донација во хортикултурно уредување на јавна површина на територијата на Општина Центар.

Станува збор за фрекфентна локација во централното градско подрачје која се наоѓа пред кулата на главниот влез на Зелен пазар. Активностите за уредување на просторот започнуваат оваа сабота и истите ќе опфатат ревитализација на постоечко и засадување ново зеленило, 245 м2 комплетно нова тревна површина и 100 м2 нова пристапна патека, со што хортикултурно целосно ќе се уреди овој простор.

Компанијата „Рептил Маркети“ е првата компанија-донатор која на сопствена иницијатива ја обезбеди донацијата. Со оглед на успешната соработка помеѓу „Рептил Маркети“ и Општина Центар, општината започнува проект во кој, со донација за уредување на паркови и други јавни површини, можат да се вклучат и други општествено одговорни компании.

За таа цел, во наредниот период општината ќе достави барања до компаниите кои опстојуваат на територијата на Општина Центар за уредување на просторот, пред сé, околу нивните објекти, но и до други компании кои сакаат да дадат свој придонес во уредување и разубавување на центарот на градот, соопштуваат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски