Мицкоски за Беличанец: Беше предодредена да биде голема

Од:

Денеска, во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, беше одржана комеморација по повод трагичната смрт на Билјана
Беличанец.

На комеморацијата свои проштални говори имаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателката на УЖ Благица Ласовска, како и поранешната претседателка Даниела Рангелова, но нејзиниот колега од театарските штици Роберт Велјановски.

Присутни беа голем дел нејзини колеги, соработници, членови на нејзиното семејство.

Во своето обраќање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски преку цитатат на Шекспир ја опиша Беличанец, тој рече:

– Шескпир рекол „Не плашете се од големината: некои луѓе се раѓаат големи, некои стекнуваат големина, а на некои им доделена.“ Билјана беше дел од првата категорија на луѓе, тие кои се раѓаат големи.

Таа беше предодредена да биде голема. И тоа не само во својата професија, туку и како човек, пријател,соработник. Професионалец.

Поседуваше редок и раскошен талент, огромен човечки габарит.

Во нејзе се судруваа контрастите на бесконечната насмевка, детската чистина, и огромната и нескротлива желба да ги направи луѓето околу себе среќни, задоволни, исполнети, дури и би рекол нештедејќи се себеси, жртвувајќи се за да измами насмевки, среќа, задоволство кај другите.

Мицкоски посочи дека Беличанец лавовски се борела и во општината,додека била градоначалничка на Кисела Вода, општина која имала големи проблеми, при што успеала да направи многу.

Драга моја Беличанец, во овие моменти ние ја продолжуваме битката за која ти говореше далеку пред времето.

Потрагата по правдината, чесноста, мечтаењето, тагувањето и радувањето, кажа Мицкоски.

Тој го заврши своето обраќање со повик за еден огромен аплауз наместо молк, затоа што како што рече остануваме да го славиме нејзиното дело и име.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити Дејан Салтировски

Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“, тврди Мицкоски

Aпелирам до СДСМ да не профитира политички од трагедијата во Кочани, вели премиерот Мицкоски

Мицкоски: Следната недела ќе бидат именувани новите министри во Владата

(ВИДЕО) Јанчевска: Хаос со дивоградбите во Чаир, правеле зграда каде што е предвидена улица

Ако Мицкоски продолжи вака нема ни Господ му помогне, вели Филипче

Горан Наумовски