Британската премиерка Тереза Меј го извести францускиот претседател Емануел Макрон за дискусијата со опозициската Лабуристичка партија со цел да се најде излез од „ќор-сокакот“ за Брегзит, соопштија денеска од нејзината канцеларија.
-Премиерката го информираше претседателот Макрон за разговорите со опозицијата, кои имаат за цел договор за почитување на резултатите од референдумот во 2016 година, изјави портпаролот.
Тие, исто така, разговарале за претстојните избори за Европскиот парламент, а британската премиерката истакнала оти „Владата работи многу напорно за да се избегне учеството на Велика Британија на тие избори“.