Речиси 14.000 домови по атлантското крајбрежје во Канада се без струја заради снежна бура.
Во провинцијата Њу Брансуик наврнаа околу 40 сантиметри снег, а на исток од Монтреал во провинцијата Квебек – над 60 см. Брзината на ветрот на запад од островот Њуфаундленд е 170 км/час.
Заради невремето затворени се училишта. Откажани се летови во Халифакс и Сент Џонс.Голем број патишта се затворени за сообраќај поради исклучително намалена видливост и снег. На околу 120 км јужно од Ливерпул провинција Нова Шкотска, потонал рибарски брод, а петчлен екипаж е во неизвесност.