Втор фудбалер на Манчестер Јунајтед, кој бил и капитен на тимот, може да се претвори во ново засилување за американски Ди Си Јунајтед. Станува збор за Антонио Валенсија, кој е подготвен да го следи Вејн Руни во МЛС.
Неодамна таткото на играчот потврди во радио емисија дека тим од МЛС нуди договор за две години на неговиот син, но не спомена кој е овој тим. Сепак поинтересно е дека поранешниот играч на Виган сам ја сподели веста дека има интерес кон него од тимот од главниот град на САД.
Антонио Валенсија е дел од Манчестер Јунајтед од 2008 година. Еквадорскиот репрезентативец беше привлечен за 16 милиони фунти и во овој период одигра над 300 натпревари за „црвените ѓаволи“ и освои две титули на Островот, два пати Лига Купот, еднаш ФА Купот и еднаш Лига Европа.