Годинешниот домаќин на Евросонг, Израел, конечно се договори за настапот на Мадона во ревијалниот дел. Договорот е вреден 1 милион долари за пејачката, за 7 минути настап во кој ќе изведе две нумери, од кои едната ќе биде од нејзиниот нов албум кој е најавен за крајот на април или почетокот на мај.
Она што ги шокираше сите е дека Мадона за својот перфлорманс со себе ќе носи 160 танчери за кои не се знае и дали ќе ги собере сите на сцената.
Овој договор и исплатената сума е најскапата во историјата на Евросонг.