Агенцијата за електронски комуникации на Бирото за јавни набавки објави тендер за набавка на услуги за организирање конференции и состаноци. Станува збор за оглас објавен н 5 април во кој пишува дека вкупната вредност на договорот е 4 милиони и 956 илјади денари или приближно 80 илјади евра со вклучен ДДВ.
Според техничката спецификација, услугите се за организација е на две меѓународни конференции (регулаторна конференција и конференција за сајбер безбедност хакатон) и една конференција за сајбер-безбедност.
Набавката е предвидена во Планот за јавни набавки на АЕК за 2019 година. Постапката за јавни набавки ја спровела Комисија при АЕК, а е потпишана од директорот Сашо Димитријоски.
За меѓународната конференција што ќе се одржи во Охрид на 20 мај, меѓу другото, предвидено е ангажирање еден диџеј со лаптоп и озвучување, кој ќе пушта македонска и странска музика oд 20 до полноќ.
Во техничката спецификација е наведено дека се бара и организирање на посета на Св. Наум со брод, посета на Плаошник, Канео, Света Софија, туристички водич, свечена вечера во ресторан во Охрид, коктел со шведска маса, ангажирање хостеси и сл.
Во понудата пишува дека се бараат и 200 беџови, 10 марами од полиестер и памук, 200 надворешни полначи за мобилни телефони, 200 мемориски уреди и др. АЕК наиде на критика во јавноста откако неодамна распиша тендер за две години за набавка на репрезентативен материјал, каде во техничката спецификација пишуваше дека ќе набавува и пенкала со циркони.
Васко Маглешов