Во својот говор на отворањето на пролетната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) претседателката Лилиан Мори Паские ја повтори важноста од зачувување на „нашиот заеднички дом, кој обезбедува простор за живеење за 830 милиони на нашите сограѓани и сограѓанки, регулиран со заедничка законска рамка, која го штити поединецот против арбитрарноста и авторитарните ексцеси и ги дефинира нашите основни права и слободи, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Таа ги повика членовите на ПССЕ за да се исполнат очекувањата „на милиони Европејци“ кои сега можат да уживаат во вистинска предност на поголемо единство меѓу европските народи и нации за кои работеше Советот Европа.
За претседателката 830 милиони Европејци не копнеат за „Европа на поделби каде дијалогот и остава простор на конфронтацијата, една Европа повторно растргната од геополитички поделби, каде што се подигнати нови граници и нови ѕидови. Европското законодавство, на вредностите и заедничката правна рамка кои не обединуваат се поважни за нашите сограѓани кои сакаат Европа на мир, просперитет, соработката и дијалогот
– Тоа воопшто не значи дека треба да ги намалиме нашите вредности – тоа би било предавство на европскиот проект! Сите членови на овај заеднички дом на Европа имаат иста должност да ги почитуваат правилата на куќата. Тие исто така имаат иста задача да придонесат за својата работа, вклучително и со чест на своите финансиски обврски, како што тие ги имаат истите права, па дури и обврска да учествуваат во механизмите за соработка и дијалог места кои постојат во нашиот заеднички дом, посочи Паские.
Советот на Европа се наоѓа во сериозна финансиска криза откако Руската Федерација не го плати својот придонес и што може да доведе до нејзино исклучување од организацијата.