Санџачка лига ги бојкотира изборите

Од:

Партијата на Бошњаците во Република Македонија „Санџачка лига“ заедно со пратеникот од редовите на оваа партија Сафет Бишевац нема да учествува на овие локални избори и најавува бојкот.

Ние како дел од оваа коалиција согласно со Одлуката на Извршниот комитет на СЛ во целост ја поддржуваме одлуката за бојкот на локалните избори кои ќе се одржат на 24 март оваа година.

Бошњаците во Република Македонија и сите граѓани на оваа држава треба да се приклучат во бојкотот на локалните избори затоа што во моментите кога државата се наоѓа во сериозна политичка криза и не постои разум за взаемно решавање на проблемите и враќање на демократијата во Република Македонија и кога власта се поигрува со иднината на граѓаните и на државата, потребно е заеднички да го изразиме своето незадоволство и уште еднаш да дадеме до знаење да личните интереси не бидат побитни од чувствата и човечките морални вредности.

Ние како партија на Бошњаците во Република Македонија ќе се бориме за правата на Бошњаците и правата на сите граѓани во оваа држава и сите заеднички ќе се избориме за враќањето на демократијата.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?