(ВИДЕО) Шекеринска: Нашите млади да ги имаат истите шанси како и нивните врсници во Европа

Од:

„Посетата на Радовиш денеска ја почнуваме со младите. Заради тоа што, се ова што го работевме во последните година и половина е пред се и над се за нив. Да имаат повеќе шанси, да имаат повеќе отворени врати, да имаат повеќе можности.

Затоа, оваа година кога гледаме дека целиот процес на зачленување во НАТО носи плодови, oваа година кога амбициите ни се зголемени и во поглед на членството во ЕУ, оваа година кога гледаме дека рекорден број на странски инвестиции над 620 милиони влегоа во нашата држава и кога покажавме дека и со гаранцијата за млади, навистина, над 1800 млади во само три општини успејаа да добијат нова шанса за работа. Ова е година во која младите дефинитивно ќе добијат шанса нешто повеќе да направат и во својата татковина, во својот живот, во својата професија“, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, при посетата на Општина Радовиш.

„Навистина големи се можностите кои ЕУ ги носи пред се за младите. Преку програмата ЕРАЗМУС плус, илјадници млади и од нашата татковина ќе можат да добијат шанса да се школуваат, да се обучуваат во различни земји низ целиот Европски континент.

Сакаме нашите млади да ги имаат истите шанси кои ги имаат и младите во Бугарија, Хрватска, Словенија, Чешка, Полска, Франција. И затоа ова што го правиме, го правиме пред се и над се за нив.

На претседателските избори имаме две опции. Едната опција е да се определиме за луѓе и партии коишто сакаат сите нас да не вратат назад. Можеше и јавноста да види дека кандидатката на опозицијата едно зборува наутро, друго кажува навечер. Едно најавува на митинзи, друго ветува на дебати. Во еден момент се откажува од Преспанскиот договор, во друг момент вели дека ќе го почитува. Тоа одење еден чекор напред, три назад, го видовме во сите изминати десет години. И видовме дека така нашата држава само стагнира.

Затоа го очекуваме вашиот глас и вашата поддршка за другата опција. Опцијата на Стево, која што вели дека секогаш мора да продоложиме заедно напред. Да обезбедиме членство и во НАТО и во ЕУ. Да овозможиме државата да се ослободи од тешките проблеми на минатото и да им даде на своите млади шанса плус“, изјави Шекеринска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните