(ВИДЕО) Силјановска Давкова: Не разговаравме за иднината на спомениците од „Скопје 2014“

Од:

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноцска Давкова, попладнево положи цвеќе во „Жена парк“ пред споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија, заедно со претставници на здруженијата на бегалците од Егејска Македонија.

„Се срамам. Сите треба да се срамиме зашто се работи за една од најголемите, најтешките македонски трагедии. Со право велат овде присутните дека не се сигурни дали треба да говорат за бегалци или за прогонети“, рече кандидатката за претседател по полагањето на цвеќето.

„За жал оваа држава не најде сила и начин погласно да проговори за егејската Одисеја, за Македонците од егејскиот дел кои денеска се распослани по светот и повторно загрижени“, кажа Силјановска Давкова.

Таа појасни дека она што како претседател би можела за нив да го направи е да ги сослуша и да ги разбере.

Силјановска Давкова на прашање на „А1он“ дали со претседателот на Здруженито за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, Ташко Јованов, кое донираше споменици од проектот „Скопје 2014“, разговарале за иднината на спомениците рече дека за таа тема не станало збор.

„Не сум разговарала за тоа, не можам да ви одговорам“, рече кандидатката за претседател.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски