Министерот за дијаспора Адеми во посета на Италија и Ватикан

Од:

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми од денеска до 9-ти овој месец ќе биде во работна посета на Република Италија и Светата Столица.

Адеми, како што соопшти неговиот кабинет, денеска ќе учествува на церемонијата на одбележување на 10-годишнината од катастрофалниот земјотрес во градот Акиле во Италија, каде животот го загубија 309 луѓе, меѓу кои и пет државјани на Република Северна Македонија. Во Акиле министерот Адеми ќе има средба со претседателот на регионот Абруцо и градоначалникот на општина Поџио Пиценче.

Во Акиле министерот ќе реализира средби со претставници на нашата дијаспора која живее во тој регион, а за утре предвидени се средби со нашата дијсапора која живее во Рим и околините места.

Според агендата, задутре министерот Адеми ќе оствари работна посета на Ватикан, при што ќе има средба со секретарот за односи со државите во Ватикан, монс. Паул Ричард Галлагхер.

Работната посета во Италија, министерот Адеми ќе ја заврши на 9 април, за кога се предвидени низа билатерални средби во италијанскиот Парламент и во Министерството за надворешни работи на Италија.

Во италијанскиот Парламент ќе оствари средба со претседателката на Комисијата за надворешни работи, Марта Гранде, додека во италијанското МНР средби со заменик-минситерката Емануела Дел Ре, државниот потсекретар Рикардо Антонио Мерло и директорот на Генералниот директорат за италијански граѓани во странство и политиките за миграција, Луиџи Мариа Вигнали.

Фокусот на средбите со соговорниците, ќе биде ставен на можностите за унапрдување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес, унапредувањето на положбата на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Италија, како и за актуелните политички цели и приоритети на Влада на Република Северна Македонија со посебен акцент на ЕУ и НАТО интеграција на нашата држава.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места