Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров во интервју за официјалната веб страна на ЕХФ Лигата на шампионите изјави дека сака последните години од својата кариера да ги помине во Пелистер.
– Последните година или две од мојата кариера сакам да ги завршам во мојата земја и кога ќе дојде време за тоа приоритет му давам на мојот прв професионален клуб во Македонија – Пелистер од Битола. Јас завршив еконимија и менаџмент во Македонија, а се уште сум студент на факултетот за физичка култура во Скопје. Кога ќе ја завршам мојата кариера сакам да останам во спортот, истакна Лазаров за ЕХФ.
Македонскиот капитен кој во моментов е играч на Атлетико Мадрид за успесите со репрезентацијата во изминатиот период и освоените признанија за најдобар стрелец на Светско и на Еворпско првенство вели дека се заслуга на соиграчите.
Тој ја нагласи желбата на секој натпревар да победува.
– Јас секогаш кога играм сакам да победам. Јас сум лош губитник. Моите голови не се само моја заслуга, туку заслуга на тимот, рече Лазаров.