Дебар утре без струја заради сервисирање на трансформаторот

Од:

Во Дебар утре од 10 до 18 часот ќе има прекин во снабдувањето со струја заради сервисирање на трансформаторот преку кој градот се снабдува со електрична енергија, соопшти АД ЕЛЕМ.

Станува збор за редовно сервисирање на регулациска склопка од 110/35 киловолтен трансформатор кој се наоѓа во хидроелектраната Шпилје, постапка што почна минатата недела и за која е потребно подолго време поради настанат дефект на дел од опремата.

Од АД ЕЛЕМ информираат дека сервисирањето го врши овластениот сервисер ,,Кончар ИНГ” од Хрватска, кој во најкус рок обезбедил резервен дел, и ќе го замени во трансформаторот во текот на утрешниот ден.

– Сервисирањето е од најголемо можно значење, со оглед на тоа што без регулациска склопка постои ризик од избивање на мрежата, настанување на целосно оштетување на електичните апарати на корисниците, долготрајно останување без електрична енергија на Дебар и сериозни можни последици за целиот електроенергетски систем на земјата со загрозување на неговата стабилност. Од тие причини, зафатот во текот на утрешниот ден, сабота 6.4.2019 е неопходен и граѓаните се замолуваат за трпеливост и соработка со институциите заради своја лична сигурност и сигурност на нивниот имот, се наведува во соопштението од АД ЕЛЕМ.

Би можело да ве интересира

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

Во Дебар воведени рестрикции на вода

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата