Изложба на унгарски фотографии од 20 век

Од:

„Модерни трендови во унгарската фотографија во ХХ век“ е насловена изложбата со која ќе биде отворена неколкунеделната манифестација „Унгарската култура поблизу до нас“ во организација на Унгарската амбасада и Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.

Изложбата која ќе биде отворена вечер во 19 часот во галеријата Мала станица ќе претстави различни фотографски изрази кои своевремено претставувале прогресивна форма на визуелен израз и кои сѐ уште се одраз на храбар, модерен, визуелен свет.

Делата го опфаќаат периодот од годините пред Првата светска војна сѐ до крајот на Втората светска војна, а изборот е направен од колекциите во Унгарскиот музеј на фотографија.

-Љубителите на уметничката фотографија, општо земено, се согласуваат дека во периодот меѓу војните Унгарија беше во врвот во поглед на важноста на нејзините уметнички фотографи. Фотографијата на Андре Кертес, Ласло Мохоли-Наѓ, Брасај, псевдонимот на Ѓула Холас, и Мартон Мункачи е на висока цена во целиот свет и нивните дела се сметаат за апсолутни икони на фотографијата меѓу војните, наведуваат организаторите.

Идејата, исто така, е да се претстават и делата на помалку познатите унгарски фотографи, меѓу кои на Ангело, Карој Ешер, Имре Кински, Јожеф Печи, Јудит Карас и Иштван Керњ, кои се одраз на експериментализмот од тој период и алтернативните идеи што се коселе со доминантните и вообичаени фотографски стилови.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска