ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски ги лажат граѓаните

Од:

„Зоран Заев и Пендаровски кој е 102,5% ист со него ги лажат граѓаните. Го сменија името на државата, што според Заев беше единствената пречка за ЕУ интеграција, а постои сериозен ризик заради нивната корупција да не почнат преговорите за членство во јуни.

Самиот Зоран Заев вчера во интервју призна дека уште лани му било кажано оти овој јуни Република Македонија можеби ќе отпочне преговори.

Заев почна да ја подготвува јавноста на својот неуспех на полето на реформите и економијата, па од фразата во Јуни почнуваме преговори, се префрли на можеби, за само неколку минути подоцна да рече „не е битно дали септември или јануари, битно да почнеме”.

По ваквите изјави на Заев повеќе од сигурно е дека Република Македонија нема да ги отпочне преговорите за влез во ЕУ во Јуни и покрај сите лаги дека само името е пречка.

Немањето капацитет да се спроведат реформите кои се потребни, лошата економска политика на оваа власт, партизираноста на судството и администрацијата, како и политичкиот прогон се главната причина зошто државата се соочува со неуспех.

500.000 граѓани живеат во сиромаштија, просечната плата падна за 1200 денари, за е години се зголеми јавниот долг за над половина милијарда евра, политичкиот прогон стана пракса, се делат милионски тендери на фирми блиски до власта, единствен услов да се стигне до работно место е роднинската поврзаност со некој функционер од власта, а криминалот царува на улиците, тоа е Република Македонија со СДСМ, ни малку европска.

СДСМ и Зоран Заев се директно виновни за неуспехот на државата. Република Македонија не може да продолжи со СДСМ. Тонењето не е опција. Република Македонија мора напред, со СДСМ тоа не е можно“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски