Група британски војни се под истрага по снимките на кои користат фографија од Корбин како мета

Од:

Британската војска соопшти дека е покрената истрага по снимките на кои војници користат фотографија на лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин, како мета на вежби за гаѓање.

Видео- записот објавен на социјалните мрежи прикажува припадници на падобранскиот одред во Авганистан, како пукаат во фотографија на Корбин.

Корбин често ги критикува британските воените потфати во странство.

Во соопштението на армијата се наведува дека таквото однесување на војниците е „потполно неприфатливо и далеку под високите стандарди, кои војската ги очекува“, како и дека е почната истрага.

Лабуристичката пратеничка и министерка за одбрана во сенка Ниа Грифит на Твитер напиша дека видеото е „шокантно и потполно неприфатливо“ и оти војската треба да спроведе „целосна истрага“.

Британските политичари се повеќе пријавуваат закани по нивната безбедност поради зголемени тензии околу Брегзит.

Би можело да ве интересира

Пентагон: Во Сирија се 2.000 американски војници

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Околу 700 украински војници се опколени во близина на градот Курахово во ДНР

Горан Наумовски

Путин ги намалува бенефициите за ранетите во војната

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Трагедија во Франција: Двајца војници загинаа во судир на два авиони