(ВИДЕО) Костадинов: Кандидатурата на Силјановска е за претседател на Северна Македонија, име што таа вели дека не го почитува

Од:

„Гордана Силјановска е иста како Христијан Мицкоски и Ѓорге Иванов. Таа е лицемерна, не е искрена кон граѓаните. Едно зборува, друго прави.

Силјановска вели дека не го признава и нема да го употребува уставното име на државата.

Ова е официјален документ од Државната изборна комисија на кој јасно се гледа, дека Силјановска се потпишала на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија.

Толку од лажниот патриотизам на Силјановска“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Силјановска во јавноста тврди дека нема да го употребува уставното име на државата, но нема проблем да се потпишува под уставното име заради лични цели и интереси.

Исто како и Мицкоски. Граѓаните нема да дозволат лицемери и нов партиски послушник кој не е искрен со нив, нема да дозволат нов Ѓорге Иванов кој работи против ЕУ и НАТО, против интересите на државата.

Граѓаните ќе одберат вистински претседател кој достојно ќе ја претставува државата. Граѓаните ќе ги изберат Стево, претседател на сите граѓани кој ќе ја води државата кон напредок, развој и инетграција во ЕУ и НАТО“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната