ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголемо понижување од тоа да се срамиш од сопствената химна и сопствената гарда

Од:

„Нема поголемо понижување од тоа да се срамиш од сопствената химна и сопствената гарда, а да земаш плата од државата и од граѓаните чии интереси треба да застапуваш и браниш.

Зоран Заев е човек без достоинство.

Зоран Заев ги прекрши сите протоколи при вчерашната посета на Алексис Ципрас со изоставувањето на македонската химна и игнорирањето на македонската гарда.

Зоран Заев изминатите две и пол години целосно ја обезличи државата.

Зоран Заев откако се срамеше и плашеше да каже дека постои македонско малцинство во Грција кое говори македонски јазик сега се срами и плаши во Македонија да застане мирно пред химната.

Од тука логично е да се постават прашањата:

Дали Зоран Заев се срами од македонската химна или бил уценет од премиерот Ципрас да не ја интонира?

Дали Заев добил закани и кои биле заканите за да не смее да ја интонира македонската химна како што секогаш налагал протоколот кога доаѓале високи гости во земјава?

Дали химната е следна за промена од симболите кои ја претставува државата и државноста?

Заев спроведува политики на штета на македонскиот народ. Заев се откажа од се што е македонско. Зоран Заев го прекрши Уставот и законите на Република Македонија.

Во член 25 од Закон за употребата на грбот, знамето и химната на Република Македонија јасно стои дека: Химната на Република Македонија се изведува:

1) при испраќање на претседателот на Републиката од Република Македонија во официјални посети на странски држави и при неговото враќање во Република Македонија;

2) при официјално доаѓање во Република Македонија, односно при испраќање од Република Македонија на претседател на држава, суверен или овластен претставник на меѓународна организација;

3) при полагање венци на воени гробишта, гробови на паднати борци и на други слични места од страна на официјалните претставници на Република Македонија и

4) во други случаи предвидени со закон.

Единствената цел на СДСМ, Пендаровски и Заев е понижување и омаловажување на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија. Затоа ова бесрамно однесување мора да прекине.

Граѓаните мора да стават крај на бесрамното однесување на Заев и неговата копија Пендаровски.

Претседателските избори на 21-ви април се референдум за граѓаните на Република Македонија за тоа во каква држава сакаат да живеат. Затоа граѓаните ќе изберат претседател кој што ќе се бори за зачувување и враќање на достоинството, правдата и владеењето на Република Македонија, а тоа е можно само со Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ