Балкански форум за инфраструктура, развојни мрежи, претприемништвото и иновацијата во Солун

Од:

Министри, претставници на комори и организации од Северна Македонија, Бугарија, Романија, Србија и домаќинот Грција, ќе учествуваат и ќе дискутираат на Првиот Балкански Форум за инфраструктура и развојни мрежи, како и за промоција на претприемништвото и иновацијата, што во петок и сабота на 5 и 6 април ќе се одржи во Солун, во организација на грчкото Министерство за Македонија и Тракија, јави дописничката на МИА од Атина.

Според драфт агендата, од министерството – домаќин, предвидено е од Северна Македонија да учествуваат министерот за транспортот и врски, Горан Сугарески и министерот за економија, Крешник Бектеши, претседател на Комората на овластени архитекти и инженери, Миле Димитровски и претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев.

На почетокот на форумот ќе се обрати заменик министерката за Македонија и Тракија, Елефтерија Хаѕигеоргиу, а вицепремиерот на грчката Влада, Јанис Драгасакис ќе говори на тема „Балканската соработка и ко-развој, можности и перспективи“

За иницијативите за промоција на соработката меѓу балканските земји во претприемништвото и иновацијата обраќање ќе има министерот Бектеши, заедно со неговите колеги од Грција, Романија и Србија.

На тема „Постоечкото ниво на бизнис, транспортните, индустриските, технолошките и енергетските инфраструктури и мрежи на балканско ниво“, а ќе говорат претседатели и претставници на техничките комори од Северна Македонија, Србија, Бугарија и домаќинот Грција.

Министрите за транспортот и инфраструктурата од овие земји ќе говорат за соработката на Балканот во областите што се во нивна надлежност, додека пак ќе има и дел посветен на „Неопходните бизнис и технолошки мрежи и соработки на Балканот за мобилизирање и искористување на деловниот и технолошкиот потенцијал“.

Заменик министерката за Македонија и Грција што е во рамки на Министерството за внатрешни работи на Грција, на прес конференцијата посветена на претстојниот форум рече дека „на Балканот му треба пред сѐ стабилност, економска поддршка, безбедност и просперитет“. Елефтериа Хаѕигеоргиу вели дека целта на форумот е да се промовира соработката и заедничкиот развој на регионот а предмет на разговор ќе биде приближување на економските позиции на Балканот преку модернизација и развој на бизнис, транспортни, технолошки и енергетски инфраструктури и мрежи.

Првиот Балкански форум ќе се одржи во просториите на Меѓународниот саем во Солун.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски