Милошевски: Проектите за Охрид ќе се реализираат врз принципите на чесност, посветеност и одговорност

Од:

За мене политиката е одговорност и натпревар на идеи каде проектите ќе бидат остварени потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност. Охрид може поубаво и знае подобро. Градот мора да функционира и да се усовршува вистински со европски и современ лик. Охрид гордо ќе чекори по патот на достоинството и можностите, а не понижено по патот на црнилата и небиднината, изјави на денешната прес-конференција Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник од редовите на коалицијата предовдена од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави дека во кампањата влегува со визија и сила, преголема одговорност и позитивна енергија.

– Отвореноста со народот и охриѓани, продолжува и со Канцеларијата за граѓани јакнејќи ги демократските капацитети на градот. Раката е подадена за секој граѓанин бидејќи сите сме една целост. Секое место, секое маало, секоја улица, секој праг е Охрид. И заедно ќе бидеме и во овој период и потоа. Тие што вистински го сакаат својот град, работат за него, го сакаат со дела, рече Милошевски.

За охриѓани рече дека се вредни луѓе, еснафи, домаќини кои заслужуваат и подобро и повеќе.

– Ги знаеме проблемите и имаме решенија кои ќе Ви ги презентираме секојдневно. Треба да се работи, да се работи и да се работи, да се чувствува пулсот на градот, да се биде посветен. Позитивната енергија и силната мотивираност да ја пренесеме до сите за да се сфати нашата порака за победа на 21 април, рече тој.

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

Косово на прагот на нови предвремени избори

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи