ВИДЕО: Селфи за добредојде за Ципрас пред Владата

Од:

Премиерот Зоран Заев заедно со владина делегација го пречека пред Владата грчкиот премиер, Алексис Ципрас, којшто е во прва официјална посета на земјава.

(Во живо) Пречек на грчкиот премиер Ципрас пред Владата

(Во живо) Пречек на грчкиот премиер Ципрас пред Владата

Posted by A1on.mk on Вторник, 02 април 2019

Двајцата премиери пријателски се поздравија, направија селфи и се фотографираа со новинарите, пред да започне официјалниот дел од посетата.

Церемонијата пред Владата се одржа пократко отколку што првично беше планирано, поради доцнењето на авионот со којшто на скопскиот аеродром пристигна Ципрас, заедно со голема бизнис-делегација.

Во Владата во тек е тет-а-тет средбата меѓу двајцата премиери, по што ќе следува и заедничка седница на двете влади.

Денеска е предвидено Ципрас да се сретне и со претседателот на Собрането, Талат Џафери, а доцна попладне е предвидено да се одржи и бизнис-форум, на кој, како што е најавено, ќе присуствуваат и 200 бизнисмени од Грција.

Поради посетата на Ципрас денеска од 09:30 до 20 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски