(ВИДЕО) Ременски: Дали Силјановска во ДИК се потпиша како кандидат за претседател на Северна Македонија

Од:

Гордана Силјановска исто како и Христијан Мицкоски не е искрена и е лицемерна кон граѓаните.Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска, во јавноста говори дека не го признава уставното име на нашата татковина, Република Северна Македонија. Таа јавно се обврза дека никогаш нема да го користи тоа име.Но дали е Силјановска чесна како што се претставува или не е како што знаеме?, изјави Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ и пратеничка во Дојран.

Таа рече дека пред граѓаните Силјановска треба да одговори како ја поднела кандидатурата до Државната изборна комисија.

,,Дали Силјановска е потпишана како кандидат за претседател на Република Северна Македонија?Дали уште пред да почне кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ја излажа јавноста за едно од нејзините клучни ветувања?Јавноста чека одговор.

Лажно и лицемерно однесување пред граѓаните е неприфатливо. Граѓаните ќе одберат вистински, искрен и чесен претседател кој достојно ќе ја претставува државата. Граѓаните ќе го изберат Стево, претседател на сите граѓани кој ќе ја води државата кон напредок, развој и инетграција во ЕУ и НАТО”, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални