САД бараат Кина да го обнови дијалогот со Тајван

Од:

Американскиот институт на Тајван ја обвини Кина дека се обидува да го поткопа статусот кво во Тајванскиот Проток и го повика Пекинг да ги обнови разговорите со Владата во Тајпеј.

Барањето на Институтот, кој де факто претставува американска Амбасада во Тајпеј, уследи два дена откако два кинески ловци ја премина линијата на разграничување меѓу континентална Кина и Тајван во Тајванскиот Проток.

– Кина треба да ги запре своите насилни обиди и да го обнови дијалогот со демократски избраната администрација на Тајван, изјави денеска портпаролката на Институтот, Аманда Мансур.

Таа нагласи дека обидите на Пекинг за „унилатерално менување на статусот кво“ се штетни и не придонесуваат за регионалната стабилност.

– Напротив, тие ја поткопуваат рамката што овозможи мир, стабилност и развој со децении, додаде Мансур.

Кина ја прекина целата официјална комуникација со Тајван во јуни 2016 година, еден месец откако власта во Тајпеј ја презеде претседателот Цај Ин-вен, чија Демократската прогресивна партија се залага за прогласување независна држава на островот.

Тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву вчера соопшти дека авиони на Военото воздухопловство на Тајван пресретнало два кинески ловци кои преминале од тајванската страна на линијата на разграничување во Протокот, од каде ги протерале по 12-минутна „брканица“.

Тајванскиот претседател Цај денеска оцени дека ваквата „провокативна постапка“ на Кина е меѓународно неприфатлива.

Односите меѓу Пекинг и Тајпеј дополнително се влошија во јануари годинава откако кинескиот претседател Си Џинпинг повика на „повторно обединување“ на Тајван со Кина, ако треба и по пат на сила.

По завршувањето на Кинеската граѓанска војна во 1949 година, во текот на која комунистичката Народна армија ја презеде контролата врз континенталниот дел на Кина, националистичките сили се повлекоа на Тајван и од тогаш островот практично има своја управа, како „Влада на Република Кина“, која не е меѓународно призната. Пекинг од своја страна го смета Тајван за дел од неговата територија.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД