Мислеле дека се удавил, а тој лежел в болница

Од:

Велешанец лежел во болница а семејството го пријавило за исчезнат и го пребарувало кејот на Вардар мислејќи дека се удавил, пишува денешен Вест.

„Исчезнатиот“ Балов заминал на лекарски преглед во Скопје, но наместо рутинска контрола, бил задржан десетина дена во болница. Никому не јавил дека заминува на лекар, па откако не се вратил дома, семејството во паника го пријавило за исчезнат.

Десет дена траела агонијата на велешкото семејство. Го пребарувале кејот на Вардар стравувајќи дека 78 годишниот страствен рибар паднал во реката и се удавил. Дури и преку медиумите беше упатен апел.

Би можело да ве интересира

Пукање од автомобил во скопски Центар

Се запали автомобил во движење, возачот се здоби со изгореници

Катерина Ѓуровски

Четириесетгодишен скопјанец пронајден починат во стан во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Тинејџер избоде 14-годишник во Сарај

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица

Фрлена бомба врз угостителски објект кај Тетово, двајца повредени