Најмалку седум луѓе загинале, а петмина се повредени во експлозија на контејнер со метален отпад во градот Куншан, во кинеската провинција Џијангсу, јавуваат локалните медиуми.
Експлозијата се случила во дворот на фабрика за преработка на метал, а по неа избил и пожар што се проширил на блиските објекти.
Ова е најнова во серијата несреќи на работа во Кина и покрај наредбите на властите да се подобрат безбедносните стандарди во фабриките, електраните и рудниците. Причините за последната несреќа се испитуваат, но најчеста причина за досегашните несреќи е непочитувањето на регулативите за безбедност