Папата не дозволува бакнување на прстенот поради хигиенски причини

Од:

Папата Франциско ја трга раката кога верниците се обидуваат да му го бакнат прстенот поради хигиенски причини, изјави портпаролот на Ватикан, Алесандро Гизоти.

– Тоа е просто прашање на запазување на хигиената, одговори Гизоти.

Претходно, видеото на кое католичкиот поглавар ја повлекува раката пред верниците да го бакнат прстенот се прошири на интернет со брзина на светлината. Конзервативните католици го обвинија за потиснување на вековната традиција.

– Папата сака да ги прегрнува луѓето и со задоволство им дозволува да го бакнат прстенот, но кога станува збор за помали групи луѓе… Ако е среде толпа, има поголеми шанси од зарази, објасни Гизоти.

Папскиот прстен, којшто се носи на средниот прст на десната рака, е најмоќниот симбол на авторитетот на поглаварот на Католичката црква. Бакнувањето на прстенот е традиција која датира од пред стотици години и се смета за знак на почит и преданост.

Веднаш откако папата ќе почине, прстенот се уништува, со што се означува крајот на неговото владеење.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска