Царината откри 350 килограми марихуана во камион со албански ознаки

Од:

Царинските службеници од граничниот премин Табановце, денеска спречија обид за шверц на 350 килограми опојна дрога марихуана.

Царинските службеници ја пронајдоа при претрес на товарно моторно возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин Ф.Б. (62).

Од Царинската управа информираат дека ноќеска во 01:30 часот, на граничниот премин на излез од државата се пријавило товарно моторно возило марка „волво“ со албански регистарски таблички управувано од државјанин на Република Албанија, при што возилото од страна на царинските службеници било селектирано за детален преглед. При преглед на истото, во 130 специјално изработени палети за транспорт на цвеќе натоварени во возилото, царинските службеници пронајдоа околу 350 килограми опојна дрога марихуана.

По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги, Царинската управа против Ф.Б. (62) ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 став 1 и став 7 од Кривичниот законик“ до Основното јавно обвинителство Куманово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен шверц на змии на „Богородица“

А1он

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити