Путин: Руска воена база во Киргистан е фактор на стабилноста за цела Централна Азија

Од:

На денешната средба на киргистанскиот претседател Соронбај Женбеков со рускиот колега Владимир Путин во Бишкек потпишан е протокол за измени на Договорот за условите за користење на руска воена база во Киргистан.

Измените главно се однесуваат на одредени организациски прашања, но и за трошоците за изнајмување на територијата и објектите каде ќе биде дислоцирана базата.

– Руската воена база во Киргистан претставува важен фактор на безбедноста и стабилноста на цела Централна Азија, изјави Путин.

Руската база Кант во Киргистан отворена во 2003 година како авијациска компонента за потребите на Организацијата за колективна безбедност (ОДКБ).

Главната задача на базата е да пружи поддршка од воздух на целокупниот регион на Централна Азија, поради што се лоцирани авиони Су-25СМ и хеликоптери Ми-8МТВ.

Би можело да ве интересира

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети