„Меѓаши“ го промовираше прирачникот „Позитивно родителство“

Од:

Прирачникот за родители и старатели „Позитивно родителство“ е промовиран денеска од страна на Детската амбасада Меѓаши. Прирачникот е финансиран од програмата „Save the Children“ а целта е зголемување на свесноста за важноста на одговорното родителство во насока на најдобриот интерес на децата. Достапен е на македонски, на албански и на ромски јазик.

– Во прирачникот ги акцентиравме клучните аспекти на тоа што значи позитивно и одговорно родителство. На почеток се зборува за дисциплина како еден од аспекти на родителство и се нагласуваат две клучни работи, дека дисциплината е учење, а не казнување, и дека физичкото казнување по ниеден критериум не може да биде оправдано зашто има негативни последици по оптималниот раст и развој на детето. На детето треба да му се објасни уште од најрана возраст што значи самоконтрола, дисциплина и емпатија. Не е доволно родителот да биде присутен физички. Ако нема квалитетна интеракција, развојот нема да тече позитивно. Родителството не е нешто со што се раѓаме, туку е вештини која се учи. Основата секогаш се поставува во семејството, рече Ана Фрицханд, професорка и една од авторките на прирачникот.

Нагласи дека развојот на детето почнува во семејството, и дека родителите се клучните модели за идентификација, нивното однесувањето го насочува развојот и однесувањето на детето.

– Овој прирачник за мене лично и за нас како организација е изработен по барање на родителите. Сметам дека прирачникот ќе им биде еден вид поддршка на сите родители, да можат кратко и јасно да видат до каде се и како треба да постапуваат. Ги поттикнувам родителите првенствено да се грижат за себе, бидејќи на тој начин го учиме и детето како да се грижи за себе, како да се социјализира, како да биде добар граѓанин, како да може полесно да се справи со предизвиците што ги има. Јасноста и прецизноста на овој прирачник може да им бидат достапни, да прочитаат, да видат до каде се, да се обратат доколку имаат некој проблем. Сметам дека родителите во нашата држава се отворени, бараат помош и самите го бараа овој прирачник, додаде психологот Јана Зенговска.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он