Мице Јанкуловски добитник на „Лоренцо ил Мањифико“ за животно остварување

Од:

Уметникот Мице Јанкуловски е добитник на највисоката награда „Лоренцо ил Мањифико“ за животно остварување на 12. меѓународно биенале на современа уметност во Фиренца 2019, што ќе се одржи од 18 до 27 октомври.

Темата на биеналето е 500 години од раѓањето на Леонардо да Винчи и неговите достигнувања , а Јанкуловски ќе се претстави со три или четири дела од новиот серијал на апстрактни слики „Круговите на Леонардо“, кој се состои од 11 дела.

– Тоа е големо достигнување, не само за Мице, како автор и уметник, туку исто така и за нашата држава, за македонската уметност затоа што тоа е најголемо признание што некој уметник во визуелните уметности ја има добиено, рече на денешната прес-конференција извршната директорка на „Остен“ – Скопје Корнелија Конеска, додавајќи дека Јанкуловски е добитника на награда за сликарство. Ја нагласи важноста на оваа награда и реномето што манифестацијата го има во светот.

Конеска истакна дека наградата доаѓа во вистинско време затоа што Мице Јанкуловски годинава одбележува 50 години од неговото уметничко творештво. Првата слика ја почнал во 1969 година.

– Во светот на уметноста, меѓу професионалците и во јавноста, се препознава како мултимедијален уметник затоа што во текот на своето творештво има работено на различни медиуми, секогаш со извонредна успешност. За тоа говорат повеќе од 10 награди што ги има добиено во текот на својата кариера, повеќе од 40 самостојни изложби, многу признанија, меѓународни претставувања…, рече Конеска во Галеријата „Остен“.

Јанкуловски изјави дека е задоволен од она што го работи во последните седум-осум години, а тоа е црната фаза. Со неа почнал од 2011 година, а од 2016 – 2017 година работи исклучиво работи на црната фаза.

– Ги фрлив четките, користам несликарски прибор, разни гребла, чешли, шпакли… По 50 години сликање првпат раката ми е слободна и првпат дишам нормално, рече Јанкуловски.

Јанкуловски е роден во 1954 година во Сливово. Се занимава со сликарство, карикатура и анимиран филм. Је негува специфичната техника сликање на стакло. Досега има остварено 40 самостојни изложби во земјата и низ светот, меѓу кои во Скопје, Рим, Париз, Софија, Анкара, Загреб и др. Добитник е на 12 домашни и меѓународни награди и признанија.

Меѓународното биенале што се одржува од 1990 година е главната изложба на современа уметност во Фиренца и се смета за една од најважните изложби на меѓународната продукција на современа уметност. Со текот на годините илјадници уметници од над сто земји ги изложиле своите дела на Биеналето во Фиренца, како носител на главните уметнички форми и дисциплини. Наградите за животно остварување „Лоренцо ил Мањифико“ им се доделуваат на поединци и институции кои постигнале врвни достигнувања во уметноста и се издвојуваат со нивниот придонес во културата.

Меѓу добитниците на наградите од претходните изданија треба да се споменат: Арата Исозаки, Ел Анацуи, Сауро Кавалини, Дејвид Хокни, Кристо и Жан Клод, Гилберт и Џорџ, Марина Абрамовиќ, Хозе Луис Куевас, Агата Руис де ла Прада, Аниш Капур, Марта Минуин и др.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска