Кипарскиот конзервативен лидер Никос Анастасиадис води со 45,3 проценти на денешните претседателски избори по пребројување на 21 процент од гласовите, соопшти Министерството за надворешни работи.
Лидерот на главната опозициска партија Демократски збор (ДИСИ), Никос Анастасиадис (66) се залага за брз договор за заем со меѓународните кредитори за избегнување на банкрот за земјата.
Анастасиадис треба да освои 50 проценти од гласовите за да биде прогласен за победник во првиот круг. Доколку никој не освои 50 проценти од гласовите, тогаш на 24 февруари ќе биде одржан втор круг од изборите.
Кандидатот на левите сили Ставрос Малас, кој учествува како независен кандидат, но ја има поддршката на Прогресивната партија на работниот народ на Кипар (АКЕЛ), наследничка на комунистичката партија освои 25,8 проценти од гласовите.
Трет е Јоргос Лиликас, независен кандидат, кој ја има поддршката на Движењето на социјалдемократите (ЕДЕК).