Османи: Се уште е потребен напредок во медиумите за да се исполнат европските стандарди

Од:

Работата на медиумите и заштитата на слободата на јавното изразување претставуваат важни области каде сѐ уште ни е потребен напредок за да ги задоволиме европските стандарди и да создадеме капацитет за справување со современите предизвици на лажните вести, ширењето на горот на омраза, особено во пресрет на претседателските избори, каде ќе биде исклучително важно да се обезбеди фер натпревар меѓу претендентите.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предводени од директорот Зоран Трајчевски.

– Состојбата во медиумите е едно од најсензитивните и најклучните прашања и во поглед на транспарентноста, како во поглед на слободата на говорот, така и во поглед на слободата на медиумите, и во овој дел имаме доволно аргументи да покажеме дека не само што носиме реформски решенија, туку и во практика состојбите се менуваат во државата, а еден од добрите примери како се менуваат состојбите во практичниот живот е состојбата со медиумите, истакна Османи.

Посочи дека на средбата разговарале што може државата да направи за Агенцијата да ги има сите услови и предуслови за независност и ефикасност во своето работење, но и што АВМУ да направи за обезбедување на слобода на медиумите.

Според него, овојпат е помалку важно кој ќе биде претседател, туку поважно е, како што рече, каков изборен процес ќе имаме, каква зрелост ќе покажеме како институции кои се подготвени да влезат во европското семејство.

Истакна дека улогата што Агенцијата ја има во покажување на таа зрелост на независни институции ќе биде особено вреднувана од страна на ЕУ, посочувајќи на важноста и за развојот на демократските капацитети на државата, но и важноста за исполнување на европските критериуми во периодот пред новиот извештај на Европската комисија.

– Имаме шанса во периодот што претстои да создадеме фер и компетитивна атмосфера во која ќе се одржат претстојните претседателски избори, и со тоа да покажеме демократска и општествена зрелост, која ќе биде нотирана во Извештајот на Европската комисија, а од чија содржина, пак, ќе зависи и конфирмацијата на одлуката на земјите – членки на јунските самити, за почеток на преговори со ЕУ оваа година, рече Османи.

Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски рече дека Агенцијата ќе ги вложи сите напори во овој период, стопроцентно да помогне прво во добивање позитивна препорака и извештај на крајот на мај и отпочнување преговори за членство во ЕУ.

– Тоа ќе го покажеме првично со беспрекорно спроведување на изборниот законик за време на претседателските избори во координација со другите државни органи што го спроведуваат изборниот процес, и со имплементација на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услиуги и Законот за медиуми, целосно да докажеме дека се усполнети условите Република Северна Македонија во јуни да ги почне преговорите за зачленување во ЕУ, рече Трајчевски.

Средбата се реализираше во рамки на институционалните посети на Османи на институциите надлежни за спроведување на реформите кои беа предвидени во План 3-6-9 и План 18, како и имплементацијата на останатите обврски поврзани со европските интеграции на земјава.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада