Јусуф Нуркиќ се здоби со скршеници на коските на потколеницата пред крај на драматичниот натпревар во кој Портланд после две продолженија го совлада Бруклин со 148:144 и обезбеди плеј-оф, но тоа не е единствената незгода што му се случи.
Тој при доскокот ги скрши коските на потколеницата, и додека репрезентативецот на Босна и Херцеговина во ужасна болка лежеше на подот, судијата Тајлер Форд тргна невнимателно кон записничката маса.
Retweet if you think the ref should be FINED or FIRED ? #Nurkic pic.twitter.com/JV24Aek1QN
— The Sports Truth (@TheSportsTruth1) March 26, 2019
Тој сакајќи со ногата да помине преку Нуркиќ, го шутна токму во скршената нога.
Голем број корисници на социјалните мрежи побараа од НБА лигата да го казни невнимателниот судија, а има и такви кои поради овој инцидент побараа да му се врачи отказ.