Почувствуван земјотрес во битолско-ресенскиот регион

Од:

Четири од серијата од 20 земјотреси од соседна Грција,  денеска попладне беа почувствувани на територијата на Македонија.

Најсилниот од нив, во 17 часот и 48 минути, според досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, е регистриран во битолско-ресенскиот регион со интензитет од IV до V степени според Европската макросеизмичка скала – 1998, а во охридскиот регион со интензитет од III степени.

Според соопштението од Сеизмолошката опсерваторија, земјотрес во 13 часот и 6 минути, во 13 часот и 19 минути и во 13 часот и 40 минути биле регистрирани во населените места од битолско-ресенскиот регион со интензитет од III степени според  Европската макросеизмичка скала – 1998.

Дваесетината земјотреси што ги регистрираа Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија се со епицентри од леринското епицентрално подрачје, од соседна Грција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Егејско Море

А1он

Земјотрес го погоди Иран

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Земјотрес во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди Перу

А1он