Во Стразбур 16-ти Мешовит парламентарен комитет ЕУ и Северна Македонија

Од:

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, од денеска престојува во работна посета на Стразбур, каде ќе учествува на 16–от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, во Европскиот парламент.

Состанокот, како што информираат од МНР, се одржува само неколку месеци пред јунскиот Совет на Европската Унија, на кој ќе се одлучува за почеток на преговорите со нашата држава.

На состанокот се очекува да бидат разменети мислења во врска со зедничката пaраламентарна соработка, да биде констатиран напредокот во реформските процеси, а ќе се усвојат и заеднички препораки кои ќе се однесуваат на евроинтегративниот пат на Република Северна Македонија.

Жерновски за време на работната посета на Стразбур, предвидено е да реализира и повеќе средби со европарламентарци од различните политички групи, како и со претставници на европските институции.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација