Во Венецуела повторно снема струја

Од:

Во повеќето делови на Венецуела повторно снема струја, а меѓу погодените области е и главниот град Каракас.

Електрична енергија снемало во 13:20 часот по локално време во голем дел од Каракас, а според изјави на граѓаните на социјалните мрежи, струја нема и во неколку градови во западниот дел на Венецуела, како и во областа во близина на границата со Колумбија.

Владата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го осуди новиот „напад“ на главната електрана во државата Гури која се наоѓа на југ, истакнувајќи дека тоа е причината поради која две третини од земјата повторно останаа без електрична енергија.

Венецуела само што се закрепна од огромен прекин во снабдувањето со електрична енергија кој траеше од 7 до 14 март. Тоа предизвика бројни тешкотии во комуникацијата, дистрибуцијата на вода и гориво, но и во снабдувањето со храна.

Мадуро ги обвини САД за хакерски напад врз главната електрана во земјата, додека набљудувачите изјавија дека дефектот се случил поради недостиг на инвестиции и лошо одржување на постоечката инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски