Голем пожар кај селото Ротино, се бараат авиони за гаснење на огнот

Од:

Голем пожар попладнево го зафати Потпелситерието, лоциран во атарот на селото Ротино. Екипите на противпожарната единица од Битола веднаш се упатија на терен, но поради засилениот ветер, пожарот бргу се прошируваше и претставуваше опасност да ја зафати моликовата шума.

Имајќи ги во предвид околностите дека се работи за тешко пристапен терен и покрај ангажираноста на противпожарните служби, јавните претпријатија на локално и државно ниво, надлежните служби за заштита, спасување и ЦУК, локализирањето и гаснењето на пожарот е исклучително тешко.

Кризниот штаб за заштита и спасување при Општина Битола одржа состанок со градоначалничката Наташа Петровска и донесен е заклучок дека е потребно ангажирање на ДЗС со активирање на механизирани средства кои би дејствувале од воздух.

Во моментов на терен пожарот го гаснат битолските пожарникари, едно противпожарно возило од РЕК Битола и едно од Општина Ресен, а во акцијата се вклучени и вработените во НП Пелистер, како и локалното население.

Од ТППЕ Битола информираат дека во текот на денот имале шест противпожарни интервенции. Покрај големиот пожар во Ротино, екипите на терен гаснеле пожари во Ниже Поле, Драгожани, во Мариовскиот дел и во градското подрачје.

Би можело да ве интересира

Над 150 мртви во пожар во облакодер во Хонг Конг, 25 лица се уапсени во голема истрага

Откриена е причината за пожарот во Хонг Конг, засега уапсени се 11 лица

Пламна пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Горан Наумовски

Најмалку 128 лица загинаа во големиот пожар во Хонг Конг

Пожар во магацин за гуми во Загреб, неколкумина се тешко повредени

(ВИДЕО) Горат седум облакодери во Хонг Конг – најмалку 36 мртви и 279 исчезнати

А1он