Дали ова го заслужува нашиот бисер – Охридското езеро?

Од:

Билјана в Охрид не белела платно со бесфосфорни детергенти, како што се препораките на еколозите. Ова се фотографии кои ги пренесуваме од веб порталот за риболов.

Алгите што цветаат се производ на поголемо количество на фосфор во водата. Сега кога ќе паднат на дното на езерото, при нивното умирање користат поголема количина кислород, и ова е штетно за рибите.

Дали ова е нашиот бисер – Охридското езеро, езеро со провидност од 20 метри, или езерото полека умира, прашуваат рибарите.

Порталот наведува -фосфорот си го прави своето, циклусот на замена на водата е 70 години. 

Оваа појава не треба да ја има, бидејќи вели претседателот на Здружението на риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид, сега има колектор и не течат отпадни води. Рибарите реагираат дека е уништен најголемиот зимовник за рибата-каналот Студенчишта, кој сега наликува на корито, каде нема никаква флора и фауна.

Дали треба да се замислиме?

Би можело да ве интересира

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра