Трибина на ЛК СДММ Битола: Младите се и ќе бидат мост на евроатлантските перспективи

Од:

Локалниот клуб на СДММ од Битола, денеска организираше граѓанска трибина насловена како „Младите – мост на европските перспективи“ на која младите дебатираа на повеќе актуелни теми, младинските политики, евроинтегративниот процес и перспективите што се отвораат за младите со членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ.

Во своето обраќање, претседателот на СДММ Дарко Каевски истакна дека СДСМ како одговорна партија гради партнерски однос со младите, бидејќи токму младите се тие кои треба да го продолжат патот кон ЕУ и НАТО, трасиран уште од денот на независноста.

– Во изминатиот период покажавме дека со инкулзивност, посветенот и решителност можеме да градиме квалитетни малдински политики што во фокусот го ставаат токму младиот човек. За само една година, преку проектот Гаранција за млади само во три општини се вработија над 1.800 млади лица. Годинава, овој проект ќе се спроведува низ целата држава и очекуваме бројот на лица кои ќе добијат можност за вработување или практична работа да биде уште поголем. Обезбедени се повеќе средства за поддршка на малите претпријатија и младите претприемачи а преку низа мерки се помагаат и младите земјоделци, посочи претседателот на СДММ, Каевски.

Каевски ги повика младите да земат поголемо учество во процесот на создавање и спроведување квалитетни младински политики што позитивно ќе влијаат врз стандардот и ќе ги задржат младите во својата татковина.

– Ајде заеднички да се бориме за нашата иднина и да влијаеме што помалку млади да ја напуштаат државата, повика Каевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он